Нови 80 случаи на ковид-19 во последните три дена, направени 953 тестови
Во последните три дена биле направени 953 тестови за ковид, од кои позитивни биле 80, информира Министерството за здравство. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 18 реинфекции, а исто така регистрирани сe и 118 оздравени пациенти.
„Во текот на изминатите три дена (14.10 – 18.10) пријавени се две починати лица од Скопје (80г) и Гостивар (70г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, не се пријавени починати лица“, соопштуваат во министерството.
Досега во земјата се направени вкупно 2.177.159 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.665, бројот на оздравени пациенти е 333.824, на починати е 9.553, а бројот на активни случаи изнесува 288.