Македонија

Средба Мицкоски-Варнс: Разговаравме за македонско-американските односи, стратешкото партнерство и унапредувањето на билатералната соработка

Македонско-американските односи, стратешкото партнерство, билатералната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување, биле тема на денешната средба на претседателот на Владата Христијан Мицкоски со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс. 

– Денеска остварив средба со претставничката на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор. На средбата разговаравме за македонско-американските односи, стратешкото партнерство, билатералната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување – објави премиерот на својот профил на Фејсбук. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons