Македонија со највисок удел на пушачи во светот: речиси 40 отсто од возрасните пушат
Според рангирањето објавено од „Ворлд оф Статистикс“, кое се повикува на податоци од „Ворлд Попјулејшн Ривју“, Македонија е на првото место во светот според уделот на пушачи меѓу возрасното население. Податоците покажуваат дека 39,5 отсто од жителите постари од 15 години пушат цигари.
Со ваквиот удел земјата е пред сите останати опфатени во листата. На второто место е Тимор-Лесте со 38,2 отсто пушачи, по што следуваат Либан со 37,2 отсто, како и Бугарија и Србија со по 35,8 отсто.
Меѓу државите со висок процент се и Црна Гора со 33,6 отсто и Хрватска со 32 отсто. Индонезија, Турција и Франција се на околу 30 отсто, додека во Унгарија пушат 28 отсто од возрасните. Шпанија е на осумнаесеттото место со 25 отсто.
Рангирањето е објавено во мај годинава и се однесува на населението постаро од 15 години.



