Актуелно

Тројца под истрага за „тероризам“ и „неовластено тргување со оружје“

Надлежен јавен обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „тероризам“, а заедно со останатите двајца осомничени и кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош.

Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување мерка притвор, јавниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог на тројцата осомничени да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons