Три од четири македонски екипи во Европа ќе играат на „Тодор Проески“
Шкендија, Вардар и Работнички ќе играат на Националната арена „Тодор Проески“, а Силекс својот европски меч ќе го одигра во тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“.
Шкендија ја чека двомеч со шампионот на Велс, ТНС, во првото претколо од Лигата на шампионите. Првиот меч тетовчани ќе го одиграат на гости, а реваншот е закажан за 15 јули од 20:30 часот на најголемиот македонски стадион.
Во Конференциската лига, два од три македонски клуба како домаќини ќе настапуваат исто така на „Тодор Проески“. Вардар ќе го отвори европскиот циклус на 10 јули против аутсајдерот Ла Фиорита од Сан Марино – мечот започнува во 20:30 часот.
Работнички доби предност да остане на арената, каде што и дел од домашните натпревари ги игра редовно. „Романтичарите“ ќе го пречекаат грузиски Торпедо Белаж на 17 јули со почеток од 18:00 часот.
Од македонските екипи, само Силекс се одлучи за поинакво решение. Кратовци ќе го играат реваншот со црногорски Дечиќ на теренот на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“ исто така на 17, но во терминот од 19:00.