АктуелноСвет

Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД: „Ќе се борам секој ден“

Доналд Трамп е старо-нов американски претседател. По вчерашните избори се поизвесна е неговата победа. Честитките веќе почнаа да стигнуваат, а тој ѝ се обрати на нацијата. По четири години, републиканците повторно го презедоа мнозинството во Сенатот. Камала Харис го одложи денешното обраќање.

Доналд Трамп се појави на сцената во Флорида и прогласи победа на претседателските избори во САД. Ќе се борам секој ден, за секој од вас – изјави Трамп во обраќањето пред нацијата пренесува МРТ.

„Ова беше најдоброто политичко движење на сите времиња, досега немало ништо вакво во земјава. Сега ќе достигнеме ново ниво на важност, ќе помогнеме на нашата земја да се опорави, да заздрави, да закрепне, нејзе и е потребна помош. Ќе ги исправиме сите гранични прашања. Имаме верба, вечерва ги надминавме сите пречки кои никој не очекуваше да ги надминеме и го постигнавме најневеројатното нешто-погледнете што се случи!“, рече Доналд Трамп во својот говор.

„Господине претседателе ви благодарам што ми дозволивте да се приклучам на оваа ваше важно патување“, рече Џејмс Венс, кандидат на републиканците за потпретседател на САД.

Републиканците го преземаат Сенатот од демократите. Очекуваат да го освојат и Претставничкиот дом со што би се заокружил триаголникот на моќта.

„Ја прогласија нашата победа, така што повторно сум избран. Ќе бидеме подготвени да водиме, затоа што се соочуваме со најголемиот број предизвици што нашата земја ги сретнала, веројатно од Втората светска војна, ако не и од Граѓанската. Кога Републиканците ќе ја вратат контролата, ќе имаме најагресивен план за првите 100 дена, невиден досега во модерната ера“, изјави Мајк Џонсон, претседател на Претставничкиот дом на САД.

Во исчекување на финалниот исход од претседателската трка, демократката Харис реши да не и се обрати на јавноста додека не се пребројат гласовите иако насобраните следбеници го очекуваа нејзиниот говор.

„Ви благодарам што верувате во ветувањето на Америка. Сè уште имаме гласови за броење. Сè уште има држави кои не се прогласени. Ќе продолжиме со пребројување за да се осигуриме дека секој глас ќе биде изброен и слушнат. Сега нема да ја слушнете потпретседателката, ќе ви се обрати во текот на денот“, рече Седрик Ричмонд, претседавач со кампањата на Харис.

Изборите минаа мирно без поголеми инциденти иако во дел од клучните држави беа забележани лажни дојави за бомби. Властите од Аризона велат дека се со руска адреса, иако според нив, тоа не значи дека доаѓаат директно од Русија.

„Не постои кредибилитет за овие закани за бомби. Потекнуваат од електронска адреса со руски домен, но не значи дека доаѓаат од Русија. Немаме потврдено потекло дека адресата е директно врзана од Руската Федерација“, изјави Адриан Фонте, секретар за државата на Аризона.

Претходно, агенти на Федералното истражно биро уапсија две лица во Мичиген поради политички закани на социјалната платформа Редит.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons