Приведени две кавадарчанки: Им дошла гостинка, ја послужиле со марихуана
При претрес извршен со судска наредба во домот на две кавадарчанки А.Т. и С.Т. на возраст од 26 и 29 години, биле пронајдени и им биле одземени неколку пакувања махируана.
Претресот се случил среде бел ден, на пладне вчера, и во домот на кавадарчанките била затекната 21-годишна девојка при користење на марихуана.
И на гостинката и била одземена марихуаната.
Како што информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител, а А.Т. и С.Т. биле приведени во полициската станица.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.