Земјотрес ја стресе Македонија
Во 4 часот и 22 минути утрово дел од жителите во општина Штип ги разбуди земјотрес со јачина од 2,3 степени по Рихтер.
Епицентарот е во Штип, на длабочина од 2 километри.
Дел од граѓаните на ЕМСЦ пишуваат дека ги разбудило од сон и дека било јако и страшно.
Изминативе две недели ова е петти пат да има слаб земјотрес кај Штип.
Сеизмолозите смируваат, додавајќи дека станува збор за редовна сеизмичка активност.