Актуелно

ДИЗЕЛАШИ, УТРЕ СИТЕ НА ПУМПА – Регулаторна утврди нови цени на горивата, еве кои се тие 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 отсто. 

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,652 ден/кг и сега ќе изнесува 39,391 ден/кг. 

Од 4.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 95  83,00 (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98  85,00  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    72,00(денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  71,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС    39,391(денари/килограм)

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons