(ВИДЕО) „Да донирам за Турција? Дали вие боледувате колективно!“: Бака Прасе шокираше со неговата изјава
Српскиот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе разочара голем дел од неговите следбеници откако во живо изјави дека нема да донира парична помош или било каква помош на жртвите од земјотресот во Турција и Сирија. Јутуберот смета дека сите луѓе кои донирале за овие земји кои се погодени од разорен земјотрес се „колективно болни“.
„ Донирај за Турција! Еве, само уште еднаш да ни го испоубијат целиот народ брат и тогаш ќе донирам. Дај жиро-сметка брат, да дојдат да не поробат на барем уште 400 години. Што ли кажа ликов“ – зборувал Бака Прасе во живо преку својот канал, а потоа објаснил зошто нема никаква емпатија кон настраданите во земјотресот.
„Јас кон Турција немам никаква љубов. Дури, немам причина и да ги сакам ниту 2%. А некој зборува да донираме за Турција. Јас да идам да донирам на Турција поради земјотресот? Сочуство. Криво ми е нормално, не славам, ниту се смеам. Но, да донирам на Турција? Бидејќи нив им е тешко поради земјотресот? Лудило. Не е дека не сакам да донирам бидејќи немам никаква љубов кон Турција. Зошто би имал љубов кон неа? Немам. И некој да ми каже да донирам за Турција? Дали вие боледувате колективно?“ – изјавил Бака Прасе, па предизвика гнев на социјалните мрежи, но и кај своите следбеници.
Славниот јутуибер од неодамна со својата партнерка Ана се пресели во нов стан во Белград за кој како што вели платил неверојатни 1.000.000 евра.