Ќе се замрзнат ли цените на млекото и тестенините? 

Во Министерството за економија се прават анализи за замрзнување на цените на тестенините и на некои од млечните производи, оние кои се опфатени со одлуката за ограничена маржа. Се уште е неизвесно дали утре на владина седница ќе се даде ваков предлог.

Доколку се случи тоа, покрај лебот, би се замрзнале и цените на трајното кравјо млеко, но и кај шпагетите и макароните.

Владата ја замрзна цената за белиот и полубелиот леб, сецкан и цел, на 33 денари.

Одлуката за воведување на ваквите мерки доаѓа откако дел од прехрамбените компании ја користеа евтината субвенционирана струја, но не ги намалија цените.

Пазарната инспекција викендов беше на терен низ Македонија и вршеше увид дали пекарите доставуваат леб во маркетите и дали се почитува одлуката тој да се продава по цена од 33 денари.

Државниот пазарен инспекторат веќе казни 4 фирми кои продавале леб поскап од утврдената маржа со парични казни од над 300.000 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons