Ќе има ли онлајн настава од понеделник?

Родителите не ја прифаќаат препораката на Министерството за образование да се спроведува онлајн настава во деновите кога пристигнуваат дојави за поставени бомби. Револтирани велат дека ова не е решение за проблемот, децата доволно изгубија за време на пандемијата, за сега повторно да се враќаат на истото.

Ова е особено неприфатливо за учениците од пониските одделенија кои нема да можат сами да се вратат навреме дома и да се приклучат на платформата.

Од Сојузот на средношколци пак велат дека иако барале да се најде решение за изгубените часови со интензивирањето на дојавите, ова не е вистинското решение. Наместо целосна он лајн настава, бараат само замена на изгубените часови.

Препораката не е прифатлива ниту за наставниците, кои веќе реагираа дека училиштата не се подготвени за вакви брзи одлуки.

Министерството за образование испрати препораки до сите училишта доколку продолжат ваквите дојави, сите ученици да бидат пратени дома и за час и половина да преминат на онлајн настава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons