Свет

Фон дер Лајен: Предлагаме Европа да стане првиот континент на електричен погон

Европската комисија денеска го претстави акцискиот план за електрификација, чија цел е уделот на електричната енергија во вкупната потрошувачка на енергија да се зголеми од сегашните 23 на 46 проценти до 2040 година.

Иако 70 проценти од електричната енергија во Европската Унија се произведува од домашни чисти извори, обновливи извори и нуклеарни централи, нејзиниот удел во крајната потрошувачка со децении стагнира на околу 23 проценти бидејќи е значително поскапа од гасот, објави 4news.mk Во исто време, ЕУ е силно зависна од увоз на фосилни горива, увезува повеќе од 80 проценти од гасот и над 90 проценти од нафтата.

Фон дер Лајен: Европа да стане првиот континент со електричен погон

„Најдобриот начин за намалување на зависноста на Европа од фосилната енергија е напојување на нашата економија со електрична енергија од чисти домашни извори. Денес предлагаме Европа да стане првиот континент со електричен погон во светот“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Со удвојување на уделот на електричната енергија во вкупната потрошувачка, трошоците на ЕУ за увоз на фосилни горива би се намалиле за 260 милијарди евра годишно до 2040 година, наведува Комисијата.

Комисијата посочува дека возењето електрично возило со батерии може да донесе заштеда до 78 проценти во споредба со автомобил на фосилни горива со слични карактеристики. Со преминување од гасни котли на топлински пумпи, просечниот трошок за греење на домаќинствата во ЕУ би се намалил до 60 проценти.

Акцискиот план е насочен кон намалување на разликата во цената меѓу електричната енергија и енергијата од фосилни горива, како и поттикнување на употребата на почисти технологии базирани на електрична енергија, како што се топлинските пумпи, електричните возила и батериите, објави 4news.mk 

Разликата во цената меѓу електричната енергија и гасот често ги обесхрабрува граѓаните и компаниите да преминат кон почисти решенија, вклучително и топлински пумпи, електрични возила и електрични индустриски процеси.

Укинување на субвенциите за фосилни горива

Извршната потпретседателка на Европската комисија, Тереза Рибера, најави дека Комисијата ќе предложи постепено укинување на субвенциите за фосилни горива, за кои во моментов се издвојуваат 100 милијарди евра.

„Убедени сме дека ова е патот напред“, изјави Рибера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons