Актуелно

ФБИ: Македонската полиција успешно го уапси администраторот на OLVX, кој ја загрозувал безбедноста на илјадници Американци

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) јавно ѝ честиташе на македонската полиција за успешното апсење на администраторот на криминалната онлајн-платформа OLVX, преку која незаконски се тргувало со украдени лични податоци и информации за пристап до кориснички сметки.

Во објава на социјалните мрежи, ФБИ им упати признание на своите партнери од Единицата за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи, нагласувајќи дека станува збор за првата заеднички координирана сајбер-операција меѓу двете институции, објави 4news.mk 

Според американското истражно биро, криминалната платформа OLVX била активна во периодот од 2023 до 2025 година, а преку повеќе од 1.500 продавачки сметки наводно се вршела нелегална продажба на лични податоци и информации за најавување на кориснички профили.

„Постоењето на овој пазар директно ја загрозуваше дигиталната безбедност на илјадници американски граѓани кои се потпираат на безбедноста на своите кориснички сметки“, се наведува во објавата на ФБИ.

Од американската институција истакнуваат дека оваа операција ја потврдува нивната посветеност на меѓународната соработка во борбата против компјутерскиот криминал и заштитата на граѓаните во дигиталниот простор.

Признанието од ФБИ следува по вчерашното соопштение на МВР дека, во координирана истрага со американските власти, бил откриен администраторот на платформата OLVX.

Станува збор за 20-годишниот Е, објави 4news.mk А. од Голема Речица, Тетовско, против кого Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Тетово.

Тој се сомничи за кривичните дела „компјутерска измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Според МВР, истрагата започнала врз основа на информации добиени од ФБИ, по што следувала координирана акција на двете институции.

Од ФБИ порачуваат дека ќе продолжат да соработуваат со партнерските служби ширум светот со цел заштита на американските граѓани од заканите во сајбер-просторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons