Угостителските услуги поскапи за 11 отсто 

Најголемо поскапување има во делот на храната (предјадења, месо, готови јадења, варива, салати, леб слатки) – од 13,4 проценти во споредба со првите 8 месеци од 2022 година и кај безалкохолните пијалоци – од 14,2 проценти

Во првите осум месеци годинава, за разлика од истиот период лани, поскапени се речиси сите угостителски услуги, почнувајќи од предјадења, варива, јадења по порачка, безалкохолни и алкохолни пијалоци, покажува последниот извештај на Државниот завод за статистика.

Од ДЗС соопштуваат дека индексот на цените на угостителските услуги во август 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.9%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- август 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 11,7 проценти, додека во однос на декември 2022 година, е зголемен за 3,5 проценти.

Најголемо поскапување има во делот на храната (предјадења, месо, готови јадења, варива, салати, леб слатки) – од 13,4 проценти во споредба со првите 8 месеци од 2022 година и кај безалкохолните пијалоци – од 14,2 проценти.

Индексот на цени кај алкохолните пијалоци е зголемен за 0,7 проценти, додека ноќевањата за 0,6 проценти.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons