Турција претстави ново стратегиско оружје – крстосувачка ракета „чакир“ (ВИДЕО) 

Турската крстосувачка ракета од новата генерација „чакир“ е спремна за активно користење.

Таа може да се лансира од копнени, поморски и воздушни платформи и има дострел од над 150 километри.

Во просториите на компанијата Рокетсан во Анкара беше одржана конференција за новинари по повод промоцијата на новата ракета, пренесува ТРТ.

Според објавените податоци, ракетата „чакир“ ќе биде новото стратегиско оружје за оружените сили со најсовремени карактеристики и ефикасна боева глава. Таа може да се лансира од авион со фиксни и ротирачки крила, беспилотни летала и поморски платформи, подвижни тактички копнени возила и какви било површински платформи и нуди капацитет за уништување цели со единствена боева глава.

Благодарение на интеграцискиот линк за пренос на податоци, „чакир“ овозможува и промена на целта и откажување на задачата, зависно од изборот на корисникот, додека напредува кон целта.

Со својата структура на телото која го апсорбира радарот, се намалува можноста за откривање на ракетата од страна на непријателски системи за противвоздушна одбрана и може да го продолжи својот лет дури и во случаи на интензивно електронско попречување.

Се очекува првото пробно гаѓање да се изведе во текот на годината од вооруженото беспилотно летало „акинџи“, а нејзината интеграција на борбените платформи се очекува во 2023.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons