Турција го почнува производството на национална подморница (ВИДЕО)
Турција продолжува со развојот и производството на сопствено оружје. Шефот на Дирекцијата за одбранбена индустрија на Турција (ССБ) исмаил Демир изјави дека производството на подморницата СТМ500, која целосно ја дизајнирале турски инженери со помош на национални ресурси, ќе почнат со пробно производство на подводното пловило, јави агенцијата Анадолу.
Демир на твитер ги сподели најновите информации за проектот на турската национална подморница.
Истакна дека подморницата СТМ500 ќе биде изградена со напредни и модерни борбени системи.
„Историски чекор во нашиот проект за национална подморница. Почнуваме со производството на подморницата СТМ500, која ја проектираа турски инженери со турски ресурси, со пробно производство на издржливото пловило. СТМ500 е дизајнирана да може да се користи на отворено море, но и во плитки води“, кажа Демир.
„Турската национална подморница ќе биде опремена со напредни и модерни борбени системи, односно опрема која ќе служи за тактичките потреби, како извидување и надзор, операции на специјалните сили и подморничко војување“, додаде Демир.