Три дена култура 4

Младинскиот фестивал ,,Три дена култура 4” наменет за млади уметници, кој сите три дена е исполнет со уметност, оваа година по четврти пат ќе се одржи во скопската гимназија „Никола Карев“ на 14, 15 и 16 април!

Првиот ден од фестивалот „Три дена култура 4” започнува на 14 април и е наменет за прикажување на краткометражни филмови. Секој средношколец или студент кој има свој авторски краткометражен филм, може да се пријави со својот филм на следниов линк:

https://forms.gle/sAfhNZ5HSRkWkuoa7

Секој автор може да испрати по еден филм кој не трае подолго од 20 минути. Филмовите можат да бидат во кој било жанр, а за официјалната селекција ќе бидат избрани најдобрите филмови кои ќе се прикажуваат на 14 април.

Вториот ден од фестивалот „Три дена култура 4“ се одржува на 15 април и е наменет за театар и перформанс. Секој средношколец или студент може да се пријави со своја театарска претстава, танцова точка или кој било друг вид на перформанс. Театарските претстави или перформанси може да се пријават на следниов линк:

https://forms.gle/CgTkpmawKxD2pWRUA

Претставите кои ќе се пријавуваат, треба да се со времетраење од 5 до 20 минути. Истите можат да бидат извадоци од драми, монолози, дијалози, физички театар и слично. Танцовите групи ќе имаат можност да се претстават со максимум 5 минутно дело.

Исто така, важно е да се напомене дека за првпат на „Три дена култура 4” се отвора литературен конкурс за средношколци на тема: „Со секој свој здив создавам уметност“! Секој средношколец може да се пријави со кратко прозно дело или поезија на таа тема.

Третиот и последен ден од „Три дена култура 4” кој ќе се одржи на 16 април е наменет за музика, изложба и литература! Секој средношколец или студент музичар, солист може да се пријави на следниов линк:

Може да се учествува со една композиција, вокал или во изведба со инструмент, а времетрањето на настапот не треба да биде подолг од 5 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons