Трагедија во Илинден – малолетници запалиле цистерна, пријавиле дека изгорело девојче
Трагична несреќа се случила вечерва во населбата Илинден во Скопје.
Според информациите малолетно девојче починало откако експлодирала цистерна кај железничката станица.
Како што дознава А1он до експлозијата дошло откако малолетници од засега непознати причини ја опожариле цистерна која потоа експлодирала.
Не е познато дали двете малолетни деца кој ја опожариле цистерната и починатото малолетно девојче биле заедно .
Од МВР за А1он го потврдија случајот, но немаат потврда за починато лице бидејќи увидот на терен се уште трае. Сепак информација дека малолетно женско лице е најверојатно починато и полицијата добила од двете малолетни деца кои самите го пријавиле настанот во полиција и кажале дека имало и девојче кое најверојатно настрадало.
„ Во 21.05ч. во ПО-Петровец С. К. пријавил дека во населба Илинден кај железничката станица, од страна на малолетни лица опожарена е цистерна. Двете малолетни деца се кај него дома и по обавениот разговор со децата посочено е дека на цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато.
На лице место се упатени полициски службеници за расчистување на случајот. Ова е првична информација според тоа како е пријавено. Повеќе детали ќе имаме подоцна.„ велат од МВР за А1он.