Топлото време и интензивниот сообраќај – ризик фактор за безбеден сообраќај

Скопската Брза помош дневно интервенира кај десетина повредени во сообраќајни несреќи. Топлотниот бран го зголеми и бројот на сообраќајќи посебно со мотори и тротинети, велат од службата. Високите температури над 40-от степен значително ја намалуваат концентрацијата не само на возачите на автомобили, туку и на лицата кои управуваат помошни превозни средства, потенцираат експертите за безбедност во сообраќајот. Според инженерот Игор Митревски, екстремно топлото време освен врз луѓето негативно се отсликува и кај возилата посебно постарите.

  • Сите тие појави кои ги имаме кај возилата во однос на кочење, забавување, се малку поспецифични и доколку некое возило има малку поистрошени пневматици, тоа се отсликува негативно на управувањето, кочењето итн. И затоа би требало пр5и овие температури да се внимава и апелираме до возачите на мотори, велосипеди, тротинети да носат заштитни кациги бидејќи тие директно се изложеи на сонце, изјави Игор Митревски, претседател на здружението “Медиум“ за намалување на бројот на жртви во сообраќајот.

Освен последици врз луѓето и возилата, температурите на 40-от степен ги оштетуваат и патиштата, затоа Митревски предлага надлежните да размислат за воведување рестрикции на товарните возила над 40 тони кои транзитираат низ Македонија.

  • За да не се оштетуваат патиштата при вакви екстремно високи температури, вели Митревски.

И експертите за сообраќај и лекарите советуваат при вакви временски услови да не се вози посебно на подолги релации во најтоплиот период од денот за да се превенираат сообраќајни несреќи.

sitel.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons