МакедонијаНајново

Струмичките пожарникари спасија мајка и дете кои паднале во провалија

Струмичките пожарникари утрово спасија мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“.

Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека спасувачката акција почнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители е испратен на местото на настанот.

По пристигнувањето, со употреба на специјализирана спасувачка опрема, пожарникарите безбедно ги извлекле мајката и детето од непристапниот терен, по што тие се предадени на екипа на Итната медицинска помош за понатамошен преглед и згрижување.

„Благодарение на брзата, професионална и координирана интервенција, спасувачката акција беше успешно завршена“, соопштија од ТППЕ Струмица.

Од противпожарната единица апелираат до граѓаните кои ги користат трим-патеките и планинските патеки да се движат внимателно, особено во раните утрински и ноќните часови.

фото Пожарникари Струмица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons