Српските граѓани објавија фотографии од градот кој паѓа

Граѓаните на Србија на социјалните мрежи објавија фотографии од градот кој паѓа попладнево кај нив. 

Според пишувањата на медиумите, станува збор за гад со големина на јајце или топче за голф.  Град паѓа во Чачак, Трстеник, Краљево и околните села и други места низ Србија. Штети има на земјоделските култури. Веќе неколку дена има невреме во регионот. Има и неколку загинати. Три жртви се регистрирани вчера во Србија. Меѓу нив и е и дете на возраст од 12 години. 

Орканската бура која синоќа повторно го зафати Нови Сад, скрши и откорна голем број дрвја, а поради санирање на последиците од штетите сите градски паркови ќе бидат затворени за посетители. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons