Средба Мицкоски – Пленовиќ во Охрид
Во Охрид денеска се одржува дипломатска средба на највисоко ниво меѓу Македонија и Хрватска, во рамки на официјалната посета на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На аеродромот „Св. Апостол Павле“, премиерот Христијан Мицкоски го пречека својот хрватски колега, по што започна програмата на билатерални разговори и средби меѓу двете делегации. Во фокусот на разговорите се очекува да бидат билатералната соработка, европската интеграција и регионалната стабилност.



