Славен со пофалби за Нестор-гол: Мајстор е мајстор, класата е вечна
Хрватскиот клуб Славен Белупо објави видео со четири речиси идентични голови на македонскиот напаѓач Илија Несторовски и испрати пофални зборови за својот голгетер.
„Не еднаш, не два или три, туку четири пати! И тоа за нешто повеќе од една година. Мајстор е мајстор, а класата е вечна! Господинот Илија!“, порачаа од клубот, јасно покажувајќи колку го ценат квалитетот на македонскиот фудбалер.
Несторовски сезонава игра во одлична голгетерска форма. На десет натпревари постигна девет гола, од кои седум во првенството, што значи дека во просек погодува на секои 78 минути.
Македонскиот напаѓач досега има постигнато 24 гола на 63 натпревари за Славен Белупо, а клубот сега посебно го истакна неговиот препознатлив начин на реализирање, споделувајќи ги четирите погодоци како доказ за неговата голгетерска класа.



