Синер тргна по уште еден рекорд на Ѓоковиќ, ќе му треба да ги освои Ролан Гарос и Вимблдон
Италијанскиот тенисер, Јаник Синер, вчера испиша историја откако ја забележа 32. победа по ред на Мастерс турнирите и го надмина Новак Ѓоковиќ во таа статистика.
Но, Синер не планира тука да запре, следна негова цел е да урне уште еден рекорд на Новак Ѓоковиќ.
Со стигнувањето до полуфиналето во Рим, Италијанецот ја забележа својата 27. победа воопшто, на сите турнири, надминувајќи го Андре Агаси со што се најде на седмото место на листата на сите времиња во оваа статистичка категорија.
Серијата на Синер почна на првиот натпревар на турнирот во Индијан Велс, ако стигне стигне до финалето во Рим, ќе се израмни со Енди Мареј на шестото место, а ако го освои својот прв трофеј во Рим и со тоа ја комплетира колекцијата титули на Мастерс турнирите, ќе биде израмнет со Пит Сампрас на петтото место.
Новак Ѓоковиќ ја предводи листата со неверојатни 43 последователни победи, додека Роџер Федерер – човекот кој ја прекина епската серија на српскиот тенисер – е втор на оваа ексклузивна листа со 41.
За да се израмни со Ѓоковиќ, Синер мора прво да триумфира во Рим, а потоа да ги освои титулите на „Ролан Гарос“ и Вимблдон бидејќи изјави дека меѓу овие два Гренд слема нема да игра на други турнири.
Ако му успее ова, италијанскиот тенисер ќе собори и друг рекорд – ќе стане најмлад освојувач на сите Гренд слем и Мастерс турнири на АТП турот.



