Пронајдена дрога при контроли во угостителски објекти во Скопје, седуммина приведени 

Во периодот од 23.00 часот на 08.04.2022 до 03.30 часот на 09.04.2022 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица и патнички возила. Притоа, кај 7 лица од Скопје биле пронајдени марихуана и кокаин.

Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons