Претставата „ГЛУМиЦИ“ на репертоарот во МКЦ

Денеска и утрe, со почеток од 21 часот, во МКЦ ќе се одржат две изведби на претставата „ГЛУМиЦИ“ во продукција на независното здружение „Артопија“.

Денешната изведба е распродадена, но остануваат билети за утре – 31.3.2022 (четврток), посочуваат од МКЦ. Билетите се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk

Премиера на „ГЛУМиЦИ“ – театарска претстава на независното здружение „Артопија“

Колективно авторство

Дизајн на сценски простор: Ненад Тонкин

Оригинална музика: Дино Имери

Продукција: „Артопија“

„Оваа претстава ја сонуваме 10 години. Почнувавме да ја правиме неколкупати. Последниот пат кога почнавме, решивме да не ја завршиме никогаш“, велат организаторите.

Прашање е дали „ГЛУМиЦИ“ е воопшто претстава за глумици или за глумци, за театарот, за сите нас во него или за него во светот, за славата, блесокот, за сето она за што мечтаеме, за страдањето, за носењето на својот крст и за верувањето. Можно е да не е. Можно е да не е ни претстава. Можно е да е нешто повеќе.

Не знаеме. Не знаеме ни дали никогаш досега не сме го правеле ова или отсекогаш сме го правиле токму ова.

Да пробаме заедно, па ќе видиме“.

Претставата е поддржана од Град Скопје и од Министерство за култура.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons