По 3.000 денари помош за пензионерите и за социјалните категории

Мерките ќе опфатат околу 180 илјади граѓани од социјално ранливите категории. Имињата на примателите на помош ќе бидат објавени на веб-страниците на институциите што се вклучени во распределбата на помошта. Финансиската поддршка ќе им стигне на граѓаните на нивните трансакциски сметки. Така се олеснува процедурата, затоа што веќе ги има корисниците во системот

Финансиска поддршка од по 3.000 денари месечно, во наредниве четири месеци, ќе добиваат корисниците на социјална пензија, самохраните родители, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок поради попреченост, лицата со попреченост и трајни промени во здравствената состојба што користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат права на надоместок поради попреченост. Мерките ќе опфатат околу 180 илјади граѓани од социјално ранливите категории. Имињата на примателите на помош ќе бидат објавени на веб-страниците на институциите што се вклучени во распределбата на помошта.

Финансиската поддршка ќе им стигне на граѓаните на нивните трансакциски сметки. Така се олеснува процедурата, затоа што веќе во системот веќе ги има корисниците.

Во собраниска процедура е предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории граѓани за справување со енергетската криза. Со оглед на тоа што не е во прашање сложен и обемен закон, а се однесува на финансиска поддршка на ранливите категории граѓани, антикризните мерки, во скратена постапка, беа ставени на дневен ред на вчерашната седница на Собранието, која е закажана за попладнево.

Се очекува сите пратеници да дадат поддршка за измените во законот, со цел исплатата на помошта да започне од идниот месец.

Со законското решение, кое пред два дена доби зелено светло од Владата, за корисниците на право на пензија во висина до 14.000 денари се предвидува финансиска поддршка од 1.500 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците што оствариле доход по основ на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно. Финансиска поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, е предвидена и за корисниците што оствариле доход по основ на пензија во висина од 11.526 денари и не поголема од 14.000 денари месечно. Исто толку е предвидено да добијат и корисниците на право на надоместок за телесно оштетување.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons