ПОЧНА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО-ПЕТ НАЧИНИ КАКО ДА СЕ ПРИЛАГОДИ ОРГАНИЗМОТ: Навикнувањето трае од 5 до 7 дена 

Од денеска почна летното сметање на времето, и иако поместувањето на стрелките на часовникот може да изгледа како мала, безначајна промена, за многумина тоа може да доведе до значителни последици и да ги интензивира веќе постоечките здравствени проблеми.

Летното сметање на времето започна вечерва точно во два часот, со поместување на стрелките еден час нанапред, поточно на три часот. Тоа практично значи дека стануваме еден час порано, но и дека денот ни трае подолго. И така ќе биде до 30 октомври, кога повторно ќе се префрлиме на зимско сметање на времето.

Со оваа вештачка промена на времето, ние влијаеме на биолошкиот часовник, па затоа нашиот организам мора да се прилагоди

Како да се прилагодите на промените?

Оваа навика обично трае од пет до 7 дена, а еве неколку совети.

1. Подгответе го вашето тело за квалитетен сон

Важно е телото да се подготви за квалитетен и долг сон. Избегнувајте конзумирање енергетски пијалоци и пијалоци со кофеин. Ако вежбате, завршете го тренингот четири до шест часа пред да одите во кревет.

2. Оставете ги телефоните

Светлината со висок интензитет од електронските уреди го забавува лачењето на мелатонин, хормон кој предизвикува поспаност. Светлината го стимулира мозокот и го отежнува спиењето.

3. Намалете ја потрошувачката на шеќер

Обидете се да јадете во исто време во наредните денови, особено кога станува збор за вечера. Циклусот на спиење и времето на оброците се меѓусебно поврзани. Внимателно бирајте ја храната, но водете сметка и за количината. Целосно исфрлете ги јаглехидратите и слатките или намалете ги на минимум.

4. Бидете што повеќе на дневна светлина

Излегувањето надвор и изложувањето на телото на утринска сончева светлина може да му помогне на телото да го прилагоди внатрешниот часовник. Најдете време за излегување и прошетка наутро и рано попладне, што исто така ќе ви помогне да го подобрите вашето расположение.

5. Попладневна дремка

Ако поради некоја причина ви се акумулирал недостаток на сон, поздраво е вашето тело да дреме во текот на денот. Сепак, не претерувајте. Нека биде кратка дремка не подолга од 20 минути, доволно ќе биде да се регенерирате и одморени да го продолжите денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons