Свет

Пентагон: Кина и Русија ни се најголемите закани и во вселената 

Како и на Земјата, Кина и Русија претставуваат најголема закана на интересите на американската национална безбедност во вселената, според најновиот извештај кој го објави Одбранбената разузнавачка агенција. Во извештајот „Предизвиците на безбедноста во вселената“ се наведува дека Кина и Русија ги зголемиле своите капацитети за речиси 70 отсто во последните две години.

Тоа следи по периодот меѓу 2015 и 2018, кога нивните капацитети се удвоиле.

„Тежнеењето за модернизација и зголемување на капацитетите кај двете земји се одразува во речиси сите главни категории на вселената – сателитските комуникации, далечинската детекција, навигацијата и демонстрациите на наука и технологија“, се наведува во извештајот.

Двете земји се развиваат во истите две насоки, се наведува во извештајот, а тоа се јакнење на сопствените вселенски капацитети, истовремено подобрувајќи ги сопствените способности да ги попречат напорите на САД. Минатиот јули Кина успешно лансираше интерконтинентален балистички проектил со хиперсоничен глајдер кој кружеше околу светот во нецелосна орбита.

„Прелета оддалеченост до 40.000 километри и најдолгиот лет траеше повеќе од 100 минути, што е повеќе од кој било кинески оружен систем за копнен напад до сега“, се наведува во извештајот.

Во ноември 2021, Русија спроведе тест на антисателитски ракети, уништувајќи еден од своите застарени сателити.

Иако Кина и Русија, како Соединетите Американски Држави, имаат вселенски програми кои прават мала разлика меѓу воените и цивилните напори, тие имаат малку поинаков пристап кон користењето на вселената за подобрување на својата борбена ефикасност, кажа Кевин Рајдер, виш аналитичар на одбранбената разузнавачка служба ДИА за вселената.

„Кина, поради поголемата економска предност, ги зголеми своите капацитети и вложи повеќе финансиски и воени напори во развој на нови и подобри капацитети“, кажа тој. „Русија, од друга страна, е помодерна поради напорите вложени во модернизација на војската“.

Кинеските и руските амбиции не завршуваат во Земјината орбита. Двете земји планираат мисии на Месечината, каде би можеле да ги користат опсежните природни ресурси, се наведува во извештајот. Кинезите имаат рок од 30 години за плановите за истражувачка база на Месечината во која ќе можат да престојуваат, се наведува во извештајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons