Патролa на ЕУФОР од македонски и турски војници спасила патници од потопено возило кај Тузла
Патрола на силите на Европската Унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР), составена од припадници на армиите на Македонија и Турција, вчера попладне спасила двајца луѓе од возило што излетало од патот Грачаница – Тузла, соопшти ЕУФОР БиХ.
Несреќата се случила околу вчера околу 14 часот, кога возило „фолксваген голф“ изгубило контрола меѓу 24-от и 25-от километар од патниот правец, излетало од коловозот и удрило во дрвја во близина на провалија.
Возилото завршило во дијагонална положба, а двете лица во него останале делумно потопени во вода.
„Сведочејќи како патниците се вознемирени, припадниците на патролата на ЕУФОР брзо реагираа на местото на настанот. Двете лице се обидуваа да се извлечат од пропустот, стравувајќи дека возилото може дополнително да пролизга или да се преврти. Група цивили, исто така, реагираше, обидувајќи се да го стабилизира возилото држејќи го за тркалата за да спречи натамошно движење“, стои соопштението.
Со оглед на можните повреди, особено кај жената за кое постоело сомнение за скршеници, спасувачкиот тим постапувал внимателно.
„Со користење скала како импровизирана носилка, жената била обезбедена и извлечена од пропустот, со цел да се избегнат дополнителни повреди“, велат од ЕУФОР БиХ.
Оттаму посочуваат дека остануваат посветени на безбедноста на сите граѓани на патиштата и ја поздравуваат брзата реакција и тимската работа на припадниците ангажирани во спасувачката операција.



