Актуелно

Од 1 јули започнуваат уписите во Средното полициско училиште

Министерството за внатрешни работи прекуПолициската академија ги повикува заинтересираните ученици да се запишат во Средното полициско училиште и да станат дел од тимот што се грижи за безбедноста на граѓаните.

Јавниот повик за упис ќе биде официјално објавен по 1 јули 2026 година, а потребната документација ќе се поднесува во Секторите за внатрешни работи (СВР) низ државата.

Право на пријавување имаат македонски државјани кои имаат завршено втора година средно образование, не се постари од 18 години на денот на пријавувањето и се здравствено и психофизички способни.

Од кандидатите се очекува чувство за правда, етика и дисциплина, добра физичка подготвеност, тимска работа, комуникативност и способност за брзо донесување одлуки во различни ситуации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons