НОВ ИНЦИДЕНТ ВО КОСОВО: Пукање од возило во движење

Нов инцидент се случи ноќеска во Косово, каде имаше пукање од возило во движење. 

Косовската полиција објави дека мажот, кој беше осомничен дека пукал со пиштол во Грачаница, со одлука на обвинителот е пуштен да се брани од слобода. Полицијата во својот редовен дневен извештај објави дека две лица пријавиле дека осомничениот испукал неколку истрели од пиштол од автомобил. Полицијата излегла на местото на настанот и пронашла два куршуми. Осомничениот сам се пријавил во полициска станица. Човекот е осомничен за неовластено поседување оружје и загрозување на општата безбедност.Пред неколку дена, Албанци нападнаа и ранија со нож косовски Србин од селото Могила кај Витина. Српските медиуми објавија дека семејството на момчето добивало закани од соседите Албанци. 

За две години имало над 300 напади на косовски Срби и разврска нема, односно сторителите не се казнети. 

За Бадник и Божиќ, косовските Срби исто беа мета на напади. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons