Нова најава за изградба на пругата до Бугарија

Возот за Бугарија ќе тргне за пет години отсега. Македонскиот и бугарскиот премиер оптимисти за источниот дел на железничкиот коридор 8. Долг е 89 километри и има три делници: од Куманово до Бељаковце, од Бељаковце до Крива Паланка и од Крива Паланка до бугарската граница. Договорите за првите две делници се веќе потпишани и тежат околу 200 милиони евра. За третата делница се чека тендерската документација.

Првата делница ќе има три, а втората две станици. Третата ќе биде најсложена и најскапа. Ќе има дури 24 тунели и 51 мост. Нивната вредност е проценета на 400 милиони евра.

Премиерот Ковачевски исплатливоста ја гледа во економската соработка и трговската размена.

Бугарскиот премиер Донев, пак, тврди дека ова поврзување ќе донесе бенефит за сите. И за Бугарија и за Македонија, но и за Албанија, чие поврзување треба да заврши до 2030 година.

Проектот е поддржан и од ЕУ. Евроамбасадорот Гир истакна дека со ова ќе се промовира регионот, ќе се намали времето на патување и ќе се поттикне економскиот раст.

Инаку, пругата кон Бугарија се чека веќе 30 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons