Спорт

Невиден дебакл на Медведев во Монте Карло, не освои ни еден гем против Беретини

Еден од најшокантните резултати во сезоната беше забележан во второто коло на АТП Мастерсот во Монте Карло, каде што Матео Беретини го декласираше Данил Медведев со 2:0 во сетови.

Италијанскиот тенисер славеше со неверојатни 6:0, 6:0, оставајќи го 10 играч во светот без ниту еден освоен гем.

Мечот траеше само 49 минути, а Медведев практично немаше никаков одговор на одличната игра на Беретини.

Медведев ги имаше своите единствени сериозни шанси на самиот почеток од дуелот, кога се избори за две брејк-топки, но не ги искористи.

Ова е прв пат во неговата кариера Медведев да изгуби меч без да добие гем, што многу зборува за размерот на дебаклот.

Видливо фрустриран, Русинот ги скрши своите рекети за време на мечот, дури седум од нив, што дополнително покажа колку бил немоќен на теренот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons