Инсиње пак промаши пенал, Фабиан Руиз донесе три бода за Наполи 

Наполи со 0-1 славеше на гостувањето кај Торино и се зацврсти на позицијата број 3 на табелата, Фабиан Руиз донесе победа откако претходно Лоренцо Инсиње промаши пенал.

Наполи креираше +4 во однoс на Јувентус и се зацврсти на позицијата број 3 на табелата откако попладнево славеше на гостувањето кај Торино.

Избраниците на Спалети стигнаа до трите бода со голот на Фабиан Руиз. Шпанецот одзеде една топка, сам си направи простор за шут и погоди за 0-1 во 73. минута.

Наполи можеше многу порано да го отвори резултатот, Инсиње промаши пенал во 60. минута, а неколку минути подоцна, реши да себичи и наместо да го проигра Лозано, сам завршуваше и неговиот обид беше изблокиран.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons