Научниците со ДНК „оживеаја“ човек, кој во 18 век бил закопан како вампир

Во доцниот 18-ти век во Гризволд, Конектикат, еден човек бил погребан со неговите коски на бутовите наредени во крст, што покажува дека неговите сограѓани од тоа време верувале дека тој е вампир.

Повеќе од 200 години подоцна, со помош на ДНК анализа, научниците откриле како изгледал и дека, се разбира, тој бил обичен човек.

Форензичарите од „ Parabon NanoLabs“ од Вирџинија и лабораторијата за идентификација на ДНК на вооружените сили (АФДИЛ), огранок на американската војска, заклучиле дека починатиот маж (познат како Ј.Б.55) имал околу 55 години и боледувал од туберкулоза во моментот на неговата смрт.

Користејќи софтвер за 3Д реконструкција на лицето, експертите утврдиле дека JB55 веројатно имал светла кожа, кафени очи, црна или кафена коса и некои пеги на лицето, пишува LiveScience.

Врз основа на положбата на нозете и черепот во гробот, научниците веруваат дека неговото тело во одреден момент било ексхумирано и повторно закопано, практика поврзана со верувањето во вампири. Имено, луѓето често низ историјата, пред да се развие медицината, мислеле дека првите жртви на туберкулозата се всушност вампири.

Со оглед на тоа дека не разбирале како се пренесува оваа болест, мислеле дека се работи за вампири бидејќи по нивната смрт почнале да се разболуваат и други луѓе. Односно, тие верувале дека некои од првите жртви на туберкулоза станале од гробот, ги нападнале другите и ја ширеле заразата.

За да го спречат да „лови“ други членови од неговото семејство, мештаните најверојатно се собрале, го ископале ЈБ55, му ги преуредиле коските и повторно го закопале.

“Беа пронајдени човечки останки со коски на бутовите наредени во крст на пределот на градниот кош. На овој начин тие се обидоа да ги спречат да стане од гробот и да го нападне локалното население”, рече Елен Грејтак, директорка за биоинформатика во Parabon NanoLabs.

За да ја спроведат анализата, форензичарите прво извадиле ДНК од коските на „вампирот“. Сепак, тоа не било лесна задача со оглед на тоа што остатоците биле стари повеќе од два века.

„Како што минува времето, коските се распаѓаат и се фрагментираат. Исто така, супстанциите од околината, како бактериите и габите, завршуваат во толку стари примероци од коски“, вели Грејтак.

За време на класичното секвенционирање, експертите се обидуваат да го секвенционираат секој дел од човечкиот геном 30 пати, што ја дава таканаречената 30X покриеност. Во случајот со остатоците од JB55, секвенционирањето дало само околу 2,5X покриеност.

За да ги пополнат празнините, научниците зеле ДНК од лице закопано во близина, роднина на JB55. Но, тие примероци дале уште полоша покриеност – околу 0,68X.

Parabon NanoLabs, кои извршиле реконструкција на лицето, затоа спровеле дополнителни анализи за да го постигнат најкомплетниот можен генетски профил, а потоа користеле компјутерска интелигенција за да го создадат изгледот на наводниот вампир кој чекорел по Земјата пред приближно 200 години.

Археолозите ги ископале неговите останки уште во 1990 година, но дури во 2019 година форензичарите ја извлекле неговата ДНК и ја пренеле преку онлајн генеалошката база на податоци, утврдувајќи дека ЈБ55 всушност бил човек по име Џон Барбер, сиромашен фармер.

Прекарот JB55 се базирал на епитафот на неговиот ковчег, кој ги означувал неговите иницијали и возраста во време на смртта.

Оваа недела, на Меѓународниот симпозиум за човечка идентификација (ISHI), кој се одржува од 31 октомври до 3 ноември во Вашингтон, научниците ќе ги претстават резултатите од нивната анализа и реконструкција на лицето на Џон Барбер, обичен човек од 18 век кој бил обвинет од мештаните дека ноќе станува од гроб и ги напаѓа своите сограѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons