Наскоро топли радијатори: Грејната сезона може да стартува и порано но под еден услов
Грејната сезона 2026/2027 ќе започне на 15 октомври 2026 година и ќе трае до 15 април 2027 година, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Сезоната може да започне и порано, од 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е 12 степени Целзиусови или пониска. Во таков случај, греењето може да продолжи најдоцна до 30 април.
Согласно правилата, снабдувачот е должен од 06:00 до 22:00 часот да обезбеди температура од 20 плус/минус 1 степен Целзиусов во просториите што се загреваат.
РКЕ ги повика заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел сезоната да започне без проблеми.



