МВР ќе прима нови 600 полицајци 

Министерството за внатрешни работи објави оглас за прием на 600 полицајци од кои најголемиот број, 100 се за Скопје. Во СВР Штип ќе се вработат 70 полицајци, во Тетово 60, во Регионален центар за гранични работи Север 50, а по 40 нови полицајци ќе се вработат во Струмица, Охрид, Битола, Велес, Куманово и во Регионалните центри Запад, Југ и Исток.

МВР ги објави условите за кандидатите: да е државјанин на Република Северна Македонија; да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование; активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо; со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот; да има завршено најмалку четиригодишно средно образование; да е здравствено и психофизички способен; со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност  или должност; да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и да има положено тест за интегритет.

Следните посебни услови се телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена) и висока лична физичка подготвеност.

Со огласот е проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 16 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 220см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,35 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 15 секунди и „трчање на 1.500 метри“ за најмалку 5,25 минути  и за жени: најмалку 6 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 12 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 160см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,50 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 18 секунди и „трчање на 800 метри“ за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата).

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons