МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СЕ РАЗВЕА ВО АЛЖИР 77 спортисти од земјава ќе се претстават во десет спортови 

Македонската експедиција во Оран брои 114 лица од кои 77 спортисти кои ќе се претстават во десет спорта: ракомет (мажи и жени), одбојка (мажи и жени), таеквондо, џудо, карате, борење, пливање, стрелаштво, атлетика и мечување.

Каратистката Симона Заборка и таеквондистот Дејан Георгиевски го носеа македонското знаме синоќа на Свеченото отворање на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Македонската експедиција во Оран брои 114 лица од кои 77 спортисти кои ќе се претстават во десет спорта: ракомет (мажи и жени), одбојка (мажи и жени), таеквондо, џудо, карате, борење, пливање, стрелаштво, атлетика и мечување.

Во Олимпискиот комитет на Македонија се надеваат дека македонските репрезентативци ќе освојат поголем број медали во споредба со претходните Игри кои ни донесоа шест одличја.

Игрите во Оран ќе траат до 6 јули и на нив ќе настапат околу 3.390 натпреварувачи од 25 земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons