Македонија и пресуди – три ѕвезди повеќе нема да играат за Италија 

Италијанската фудбалска репрезентација шокантно беше поразена од Македонија (1:0) и остана без пласман на Светското првенство во Катар.

Овој натпревар од баражот за Светското првенство може да биде последен за трите големи ѕвезди на италијанскиот фудбал кои го напуштија тренинг кампот пред неважниот дуел против Турција.

Лоренцо Инсиње, Чиро Имобиле и Жоргињо добија дозвола од селекторот Роберт Манчини да го напуштат таборот на репрезентацијата, а италијанските медиуми наведуваат дека и тројцата сериозно размислуваат да ја напуштат репрезентацијата.

Иако се уште нема официјална одлука, многу е можно ѕвездите на репрезентацијата да стават крај на меѓународната кариера, особено што Аѕурите нема да го гледаат Катар оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons