Магазин

Локални невремиња во повеќе делови од Македонија, УХМР објави мапа 

Нестабилно време со локални силни врнежи од дожд, грмежи и засилување на ветерот, попладнево зафатија повеќе делови од земјава, а најинтензивни се во источните и југоисточните делови од земјава, како и во Пелагонија. 

Забележан е град во повеќе места во Тетово и тетовско, а локални нестабилни процеси има и во охридско и струшко. 

Исто така, облачна маса од север навлегува во Скопската Котлина и се очекува да ја зафати, велат од УХМР. 

Управата за хидрометеоролошки работи објави мапа на која се обележани локалните невремиња низ Македонија. 

Фото: УХМР

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons