Лео Меси ја доби осмата Златна топка! 

Лионел Меси по осми пат ја доби престижната награда Златна топка за најдобар фудбалер на годината, освоеното Светско првенство со Аргентина му го донесе ова големо признание.

Како што и претходно беше најавено, Лео Меси е добитникот на Златната топка за 2023 година. По освоеното Светско првенство, оваа престижна награда е како шлаг на тортата за Аргентинецот.

Златната топка во женска конкуренција ја доби Аитана Бонмати од Барселона.

Наградата за најдобар клуб на годината ја доби Манчестер Сити.

„Милер“ трофејот за најдобар напаѓач на година го доби Ерлинг Халанд.

Наградата „Јашин“ за најдобар голман ја доби Аргентинецот Емилијано Мартинез.

Винисиус Жуниор ја доби наградата „Сократ“ за борбата против расизмот и за едукацијата во Бразил.

„Копа“ тројфејот за најдобар млад фудбалер го доби Џуд Белингем.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons