Колона оклопни возила на косовската полиција се движи кон Северно Косово 

Колоната оклопни возила на косовоската специјална полициска единица РОСУ се движи од Приштина кон северот на Косово.

Приштинските медиуми објавија дека голем број полицајци се движеле кон Северна Митровица, каде за денеска е најавен протест на Србите поради забраната за гласање на изборите на 3 април.

Портпаролот на косовската полиција Беки Кељани рече дека движењата на специјалните сили се вообичаени и не се поврзани со некоја конкретна активност.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons