Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете
Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена ин витро постапка, која завршила со раѓање на здраво машко бебе.
Од здравствената установа информираа дека станува збор за исклучителен медицински успех, имајќи ги предвид возраста на родителите и комплексноста на целиот процес што претходел на бременоста, објави 4news.mk
Според објавените информации, бременоста била постигната по внимателна и индивидуално планирана медицинска подготовка. Пред ин витро постапката, кај 61-годишната пациентка била извршена хистероскопска реконструкција на матката, а во третманот биле употребени донирани јајце-клетки.
По успешно спроведената процедура, двојката го добила своето прво дете – здраво машко бебе.
Од болницата соопштија дека и мајката и новороденчето се во добра здравствена состојба.
Случајот предизвика големо внимание во јавноста поради возраста на родителите, но и поради сложеноста на медицинските интервенции кои овозможиле успешно остварување на бременоста, објави 4news.mk
Таткото има 71 година, мајката 61 година, а ова е нивното прво дете.



