Актуелно

Израелски лекари повторно дојдоа во Македонија за повредените од „Пулс“

Израелски хирурзи од медицинскиот центар „Шеба“ во Тел Авив повторно пристигнаа во Македонија за да им помогнат на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Медицинскиот тим ќе остане една недела, а заедно со македонските лекари ќе процени какви интервенции им се потребни на пациентите.

 што објави министерот за здравство Сашо Клековски, тимот го предводи д-р Моти Харац, директор на Националниот центар за изгореници и експерт за пластична и реконструктивна хирургија и лекување сложени изгореници.

Во тимот се и д-р Матан Шерф, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија и хирургија на рака, како и д-р Тал Канфино Кац, ортопедски и реконструктивен хирург.

Д-р Харац и д-р Канфино Кац беа во Македонија и непосредно по трагедијата на 16 март 2025 година, кога израелските и македонските лекари заедно ги лекуваа повредените.

Сега се враќаат за да ја продолжат грижата за пациентите. Според најавата на Клековски, прво ќе ја проценат нивната здравствена состојба, а потоа ќе извршат интервенции во Кочани и во Скопје, во соработка со домашните медицински тимови.

„Шеба е најголемиот и најсеопфатен медицински центар на Блискиот Исток. Магазинот Newsweek во 2026 година го рангираше на 7. место меѓу најдобрите болници во светот. Тоа е негова осма година по ред во светскиот топ 10. Им благодарам на колегите од Израел што повторно се тука. Нашите пациенти добиваат најдобра можна стручност, а нашите лекари драгоцено искуство“, напиша Клековски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons