Зеленски: Ако Русија нападне членка на НАТО, ќе мора да се борат американските деца

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека војната со Русија е во нова фаза, при што се очекува зимата да ги искомплицира борбите по неуспешната летна контраофанзива. Меѓутоа, и покрај неуспесите, тој порача дека Украина нема да се откаже.

„Имаме нова фаза на војната и тоа е факт“, кажа Зеленски за Асошиејтед прес. „Зимата е целосно нова фаза на војната“.

На прашањето дали е задоволен од резултатите на контраофанзивата, тој одговори: „Видете, не се откажуваме, јас сум задоволен. Се бориме со втората најдобра војска во светот, задоволен сум“. Потоа додаде: „Губиме луѓе, не сум задоволен. Не го добивме сето оружје кое го сакавме, не можам да бидам задоволен, но не можам ни премногу да се жалам“. Зеленски кажа и дека се плаши дека војната на Израел и Хамас се заканува да го засени конфликтот во Украина „бидејќи го загрозува дотокот на западната воена помош на Киев“.

Украина не го доби сето потребно оружје од сојузниците, истакна украинскиот претседател. „Веќе можеме да видиме пренасочување на вниманието на меѓународната заедница поради трагедијата на Блискиот Исток. Само слепите тоа не го гледаат. Но, не смееме да дозволиме Западот да ја заборави војната во Украина“, кажа Зеленски.

Таква промена на фокусот би можела да доведе до помала економска и воена помош за неговата земја, смета тој. Во обид да ги ублажат тие стравови, американските и европските функционери продолжија да го посетуваат Киев по нападот на Израел на  октомври.

Неодамнешна анкета на АП во САД покажала дека речиси половина Американци мислам дека премногу се троши на Украина. Сè поголем број републиканци не се за испраќање дополнителна помош, а не е јасно ни дали барањето на Белата куќа за дополнителна помош ќе го одобри Конгресот.

На тоа прашање, Зеленски одговори дека Американците, помагајќи ѝ на Украина, си помагаат себеси.

„Во случајот на Украина, ако отпорноста денес не успее поради недостигот од помош и немањето оружје и финансии, тоа ќе значи дека Русија најверојатно ќе нападне членка на НАТО. А потоа ќе се борат американските деца“, оцени Зеленски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons