Македонија

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати

Бројот на ученици и студенти што се сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во 2025/2026 година изнесува 5.232, што претставува зголемување за 7 проценти во однос на претходната 2024/2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во 2025/2026 година во државава имало 9 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните и средните верски училишта. Во нив е обезбедено сместување за 3.427 студенти, 1.750 ученици од средно училиште, 55 ученици од основно училиште, 31 ученик од православно верско училиште и 57 ученици од исламско верско училиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons