Железници плати половина од милионскиот долг за струја кон ЕВН 

Околу 3,3 милиони евра, или поточно двесте милиони денари се префрлени на јавното претпријатие Железници – Транспорт, за да може да го плати долгот кон ЕВН поради кој дојде до кратко исклучување на електричната енергија.

Парите се префрлени од буџетот кај Министерството за транспорт и врски, потврди министерот Благој Бочварски.

Одлуката синоќа била изгласана во Собранието со прераспределба на средства за буџетските корисници. МЖ Транспорт имаат вкупен долг од шест милиони евра за електрична енергија.

– Ова претпријатие, кое е витално претпријатие, и во време на криза да продолжи да ги врши обврските и дејноста за којашто е формирано и да продолжи со работа и во делот на товарниот и во делот на патничкиот транспорт, вели Бочварски.

Додаде дека само во текот на оваа година дадени се преку 12 милиони евра поддршка на македонски Железници и Транспорт како субвенции, бидејќи ова претпријатие меѓудругото пренесува и енергенси.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons