ЕСМ: Бесплатно приклучување на парно до 31 август 

АД ЕСМ започнува акција за бесплатно приклучување на системот за топлинска енергија. До 31 август 2023 година, ЕСМ „Снабдување со топлина“ нуди можност за бесплатно поврзување на исклучените потрошувачи.

„За да им помогнеме на што поголем број потрошувачи да имаат корист од стекнувањето на системот за централно греење, започнуваме кампања за БЕСПЛАТНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ на исклучените потрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за централно греење.

Промоцијата за бесплатно поврзување важи до 31.08.2023 година и ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“. Предностите од бесплатниот приклучок важат и за самиот објект кој е приклучен на централното греење и кога има техничка можност да се приклучи на станот или деловен простор“, соопшти ЕСМ.

За искористување на можноста, потребно е да се поднесе писмено барање за приклучување во некој од пунктовите за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина. По завршување на акцијата, односно од 1-ви септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост согласно важечкиот ценовник.

„Бесплатното приклучување на исклучените потрошувачи подразбира бесплатно испуштање на вода од системот за централно греење како и работна рака без надоместок. Секоја дополнителна интервенција на внатрешната грејна инсталација ќе се наплаќа согласно ценовникот за сервисни услуги“, стои во информацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons